Економија, финансии, бизнис

Контакт

Три лица го тепале Боки 13 по што завршил во болница

Три лица го тепале Боки 13 по што завршил во болница

Три лица во затворот Идризово го нападнале Бојан Јовановски познат како Боки-13, потврдија од МВР за МИА.

Тој вчера во 20 часот е пренесен во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ со повреди. Настанот се случил нешто пред 16 часот во просториите на затворот. 

Констатирани се видливи надворешни повреди, отоци и огреботини во пределот на глава, шака, рачен зглоб и надлактица. По направени иследувања, прегледан е од неврохирург, трауматолог и дигестивен хирург, по што е пуштен поради лекарска проценка дека нема потреба од хоспитализација, информираа за МИА од Ургентниот центар.

Од полицијата најавуваат дека работат на расчистување на случајот, и потоа ќе има соодветен поднесок. 

Toj во април годинава го осуди Бојан Јовановски, познат како Боки -13 , на девет години затвор за измама и перење пари, како претседател на невладината организација „Меѓународен сојуз“. 

Слично

Поврзани вести