Три компании во трка за изградбата на новата фонтана
На огласот за изградба на фонтаната на скопскиот плоштад “Македонија“, која треба да се гради меѓу Воинот на коњ и Камениот мост се пријавиле три фирми.
Според информациите од Град Скопје, комисијата ќе ги разгледа понудите од прилепската "Крин кг ", "Урбан инвест" и АД "Пелагонија - Гостивар", а потоа ќе ги информираат учесниците за електронската аукција на која ќе треба да се избере најповолната понуда.
Фонтаната која треба да никне на скопскиот плоштад е предвидено да има 128 прскалки. Таа ќе биде со должина и ширина од 15 метри. На плоштадот ќе се врати и коцката, па дел од постојните плочи ќе бидат зачувани, а останатите ќе се извадат и ќе се употребат на плоштадот кај црквата "Пресвета Богородица".
Засега е познато само дека две третини од парите потребни за реновирањето ќе ги обезбеди Владата, а останатите Градот Скопје.
Слично
