Економија, финансии, бизнис

Контакт

Три години затвор за возач на автобус кој направи сообраќајка со жртви кај Велес-Скопје

Три години затвор за возач на автобус кој направи сообраќајка со жртви кај Велес-Скопје

Три години затворска казна ќе лежи 50 годишниот возач на автобус на скопска компанија кој пред две години направи сообраќајка во близина на месноста „Пуста Кула“ на автопатот Велес-Скопје во која животот го загубија двајца патници, а 13 беа повредени од кои 12 со телесни повреди.

Возачот како што соопштија од судот во Велес го признал делото и се извинил на патниците.

Несреќа на автобусот се случила бидејќи возачот на автобусот не ја држел страната и правецот на движење, не се движел по средината на коловозната лента на која се наоѓал, туку преминал на левата коловозна лента, излегол од коловозот, удрил во металната заштитна ограда и на левата бочна страна се превртел со автобусот полн со патници при што дошло до несреќата.

Слично

Поврзани вести