Економија, финансии, бизнис

Контакт

Три години затвор за убиството на младиот скопјанец во тинејџерска пресметка

Три години затвор за убиството на младиот скопјанец во тинејџерска пресметка

А.Т.(18) од Скопје е осуден на три години казна затвор за убиство на 17-годишникот Никола Христовски во скопската населба Ново Лисиче лани на 14 август.

Тогаш обвинетиот А.Т. со нож го прободе младиот кошаркар кога се нашол во безизлезна ситуација откако бил навредуван на меѓуетничка основа и нападнат од поголема група момчиња.

Пресудата е донесена на 1 јуни а пресудата е за убиство на миг од член 125 од Кривичниот законик и му е изречена затворска казна од три години, на што надлежниот јавен обвинител вложи жалба на пресудата.

Според пресудата, А.Т. бил доведен без своја вина во состојба на силна раздразнетост, а пред нападот немал каде да побегне затоа што влезот во зградата во која сакал да отвори во моментите кога бил гонет бил заклучен. Претходно бил навредуван и удиран по телото од група од 30-тина напаѓачи.


Слично

Поврзани вести