Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРИ ГОДИНИ НЕ СМЕАТ ДА ВЛЕЗАТ ВО МАКЕДОНИЈА: Бугарите кои навредуваа полицајци ќе платат казни од 300 евра

ТРИ ГОДИНИ НЕ СМЕАТ ДА ВЛЕЗАТ ВО МАКЕДОНИЈА: Бугарите кои навредуваа полицајци ќе платат казни од 300 евра

Протерани се тројцата Бугари, меѓу кои и пратеник. Тие добија времена забрана за влез во Македонија и казна.

Судот во Крива Паланка им изрече забрана за влез во Македонија во наредните три години. Ќе треба да платат и по 300 евра казна за сторениот прекршок. Ова е епилогот  од нивното изведување пред судија на претходна постапка.

Меѓу уапсените, а сега протераните е и пратеникот на „Вазраждане“ Ангел Георгиев. 

Инцидентот се случи вчера, кога тој и други граѓани останаа на границата „Деве Баир“. Бугарските граѓани ги навредуваат македонските полицајци. Рекоа дека тие биле европски граѓани, а едни „Цигани“ не ги пуштале да влезат во Македонија. Почнаа да викаат, затоа што македонските полицајци како што рекоа не разбирале бугарски јазик. Вчера се чествуваше раѓањето на херојот Гоце Делчев. 

Слично

Поврзани вести