Економија, финансии, бизнис

Контакт

Три финасиски грешки кои ќе ве прогонуваат во пензија

Три финасиски грешки кои ќе ве прогонуваат во пензија
Финасиските експерти даваат основни совети како да имате поудобен живот кога ќе дојде времето за пензија и како да не зажалите за тоа што сте го изработиле целиот животен век. Најпрво треба да мислите на вашето пензиско осигурување и редовните исплати, што особено важи за лицата кои се самовработени или имаат мал бизнис. Додека сте млади поважни ви се искуствата, патувањата, пријателите, а потоа кога ќе основате семејство децата и нивната иднина. Затоа не треба да се заборави на осигурувањето, можеби најважната работа. penzioneri pari Втората грешка која многумина ја прават додека се млади е убеденоста дека се „семоќни“ и дека ќе работат вечно продуктивно и ефикасно. Тоа е многу важно за да имате долг и квалитетен работен век, за да не се префосирате, без оглед што сите на работното место мора да покажат пожртвуваност. Третата работа за која ќе зажалите е што не сте инвестирале или пак, не сте се обиделе да го зголемите капиталот. Пензијата можеби ќе ви биде сигурна, но дали мислите дека таа ќе биде доволна за удобен живот во „третото“ доба. Затоа финансиските експерти препорачуваат да ги следите економските трендови, пазарот на хартии од вредност, недвижнините, можностите можеби не се огромни, но со правилни одлуки ќе ја постигнете целта.
Слично

Поврзани вести