ТРИ ДЕНА РАСПРАВА: Кога продолжува седницата за уставни измени?
По три дена расправа во Собтранието попладнево заврши седницата за уставни измени.
Таа ќе продолжи во петок во 12 часот. Попладнево говореа само пратениците од власта, кои акцент ставија на иднината на државата.
Мал беше бројот на пратениците од опозицијата кои денеска говореа.
Пратеникот од ГРОМ Панчо Минов, дел од опозицијата, за време на собраниската расправа за Предлогот кон пристапување кон уставни измени рече дека ќе биде доследен на партиско-коалицискиот став и дека ќе гласа против предлогот- одлуката, но предложи да биде условена од македонска страна употребата на името Република Северна Македонија, а грчката страна да даде гаранции за македонскиот идентитет.
Минов изјави дека неговите предлози се во насока на изнаоѓање решенија кои ќе бидат усогласени меѓу власта и опозицијата во интерес на донесувањето на одлуките за евроатланската интеграција на Република Македонија.
Никола Димитров, министерот за надворешни работи, рече дека предлозите на Панчо Минов од ГРОМ се во согласност со Преспанскиот договор и дека постои простор за нивно прифаќање. Ова го одговори за време на собраниската седница за отворање на амандмански измени.
