Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРИ ДЕНА ЛЕЖИ ПОКРАЈ НЕЈЗИНИОТ АВТОМОБИЛ И ЈА ЧЕКА ДА СЕ ВРАТИ: Куче во Кавадарци ја расплака јавноста, ја чека спасителката која починала

ТРИ ДЕНА ЛЕЖИ ПОКРАЈ НЕЈЗИНИОТ АВТОМОБИЛ И ЈА ЧЕКА ДА СЕ ВРАТИ: Куче во Кавадарци ја расплака јавноста, ја чека спасителката која починала

Куче три дена лежи крај автомобилот на неговата спасителка која почина во Кавадарци, вака емотивно објавија денеска од Здружението ,,Шепи 2021" од Кавадарци. 

- Дека кучето е најлојален и најверен пријател на човекот сведочат многу примери! Ова е кавадаречкиот Симба, кој веќе трети ден лежи покрај автомобилот на неговата спасителка Билјана Галабова, очекувајќи ја да дојде...Срце да ти се крши!, посочија од Здружението. 

Фотографијата е направена од активистката за заштита на животните, Билјана Миркова. Во изјава за МИА, таа нагласи дека Галабова, инаку музејски работник, а почина деновиве, беше голем љубител на животните и благодарение на неа, беа спасени многу бездомни животни.

ФОТО:МИА


Слично

Поврзани вести