Економија, финансии, бизнис

Контакт

Три дена ќе се затвораат улици во Скопје, ќе има тричасовни протести

Три дена ќе се затвораат улици во Скопје, ќе има тричасовни протести

Незадоволни граѓани од рестораните за свадби и организација на настани, музичките брендови и фото-студијата утре, в понеделник и вторник ќе протестираат во Скопје по три часа.

МВР информира дека во овие денови од 14,00 до 17,00 часот најавен е организиран протест планиран на крстосницата помеѓу бул.„Александар Македонски“, ул.„16-та Македонска бригада“ и ул.„Интернационални бригади“.

„Поради тоа МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на овие сообраќајници. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници“, велат од таму.

Незадоволните бараат итно укинување на членот 14 од Уредбата донесена на 23.06.2020 со кој се забранува организирање секаков вид настани (свадби, крштевки, родендени) во отворен и затворен дел од угостителските објекти, бараат членките на Туристичко-угостителската комора (ТУК).

Тие бараат државата да донесе соодветни протоколи за да почнат со работа, бидејќи 11 месеци се под рестрикции а државната помош за грантови и за плати не е доволна.



Слично

Поврзани вести