Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРИ ДЕЦЕНИИ ТРАДИЦИЈА: ИНВЕСТБРОКЕР АД Скопје одбележа 30 години доверба и професионализам

ТРИ ДЕЦЕНИИ ТРАДИЦИЈА: ИНВЕСТБРОКЕР АД Скопје одбележа 30 години доверба и професионализам

Со свечена прослава во присуство на бројни соработници, пријатели и деловни партнери, една од најстарите институции на македонскиот финансиски пазар, ИНВЕСТБРОКЕР АД Скопје, го одбележа својот голем јубилеј – 30 години успешно постоење.

Како еден од клучните столбови на македонскиот финансиски пазар, ИНВЕСТБРОКЕР низ три децении се етаблираше како синоним за доверба, професионализам и визионерство. Како еден од основачите на Македонската берза и на Централниот депозитар за хартии од вредност, оваа куќа не беше само сведок, туку активен креатор на современиот македонски пазар на капитал.

Бројки кои говорат за успехот

Во текот на свечениот настан беа истакнати клучните историски моменти: од трансформацијата во Акционерско друштво во 1998 година, до импресивната бројка од над 21.000 клиенти кои своите инвестиции и својата финансиска иднина ги довериле токму на овој тим. Со организирани преку 10 преземања на акционерски друштва, преку 20 котации и неколку јавни понуди на хартии од вредност ИНВЕСТБРОКЕР е еден од лидерите во овие сегменти. Оваа доверба е потврда дека стручноста и беспрекорната етика се единствените вредности што креираат долгорочна стабилност.

Од визија до реална посветеност

Посебен момент на вечерта беше обраќањето на основачот и претседател на Одборот на директори, Кирил Митровски, човекот кој го постави првиот камен темелник на фирмата во раните 90-ти години. Неговите визија и карактер овозможија ИНВЕСТБРОКЕР да стане институција вградена во самите темели на домашниот пазар и истовремено да се развива низ сите економски превирања, претворајќи ја пазарната неизвесност во сигурност за десетици илјадници граѓани и компании.

Надоврзувајќи се на тој континуитет, Извршниот директор на ИНВЕСТБРОКЕР, Филип Петрушевски во своето обраќање стави фокус на она што ја прави фирмата единствена во денешното дигитално време:

„Во овој динамичен свет на брзи промени, дигитална ладнокрвност и вештачка интелегенција, ние ветуваме дека кај нас секогаш ќе најдете соработник кој вистински ја познава вашата приказна. Ќе продолжиме да работиме со истата страст и професионализам, затоа што вашата доверба е единствениот капитал што вистински ни е важен,“ истакна тој.

Истрајност во градењето односи

Прославата покажа дека низ сите економски турбуленции и пазарни осцилации, најдобрата инвестиција не се само паметните одлуки во вистинскиот момент, туку истрајноста во градењето односи базирани на доверба и целосен интегритет. Со овој јубилеј, ИНВЕСТБРОКЕР АД Скопје ја потврди својата позиција на институција која цврсто стои зад својата историја, но е целосно подготвена да одговори на предизвиците на модерното време.

ПР објава

Слично

Поврзани вести