Економија, финансии, бизнис

Контакт

Три автобуси на ЈСП се запалија за шест месеци, директорот се сомнева во можни диверзии

Три автобуси на ЈСП се запалија за шест месеци, директорот се сомнева во можни диверзии

Автобусот на ЈСП денеска во Сопиште изгорел за само неколку минути, а директорот Драги Кушовски не ја исклучува можноста за некаква намерна „диверзија“, бидејќи во последните шест месеци изгореан три вакви превозни средства на јавното претпријатие.

Патниците бегајќи во паника од „58-цата“ која горела, ги оставиле своите лични работи како торбите од пазар,  а на возачот му се слошило и бил пренесен со брза помош во болница. Кушовски потврди дека возачот се задушил од вдишан чад

- Најверојатно станува збор за палење на електричната инсталација. Увидот е завршен од полицијата, се чекаат вешти лица за точните причини, рече Кушовски во вестите на Телма.

Пожарот започнал од моторот, а возачот бил предупреден од комбе кое возело одзади. Следувале експлозии и непријатна миризба од задниот дел на автобусот.

Претхпдно два автобуси на ЈСП изгореа во Бутел и во Транспортен центар кај главната железничка станица.


Слично

Поврзани вести