Економија, финансии, бизнис

Контакт

Три албански партии во предизборна коалиција, ќе се борат за промени

Три албански партии во предизборна коалиција, ќе се борат за промени

Три партии од албанскиот блок направија предизборна коалиција. 

Албанските партии  Движење за реформи-ДПА, НДП и Унитети склучија договор за соработка. 

Претседателите на трите партии, Зијадин Села, Весел Мемеди и Гзим Острени го потпишаа договорот за заеднички настап на претстојните парламентарни избори кои ќе се одржат на 11 декември. 

Села вели дека целта на оваа коалиција е  на Албанците во Македонија да им се даде надеж за промени. Тој додава дека се заинтересирани и да ги вратат демократските принципи во партиите.  Острени пак истакна дека оваа предизборна коалиција е во интерес на народот. 

Велат дека ќе се борат за рамноправност на албанскиот јазик при употребата и на државно и на локално ниво. Од партиите ветуваат борба против криминалот и корупцијата. 

Слично

Поврзани вести