Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тргувањето со редовно работно време, акциите во минус

Тргувањето со редовно работно време, акциите во минус

Од денеска тргувањето на Македонска берза се враќа со редовно работно време односно до 14 часот. На првиот ден на тргувањето со редовно работно време, вредноста на МБИ 10 индексот падна за 2,76 проценти.

„Согласно барањето на Комисијата за работење со хартии од вредност при Македонската банкарска асоцијација, а поради зголемување на работно време во банките/брокерските куќи, Одборот на директори на Берзата донесе Одлука за враќање на редовното време на тргување на Берзата, согласно која, почнувајќи од 04.05.2020 година, времетраењето на тргувањето со хартии од вредност наместо до 13:00 часот ќе трае до 14:00 часот. Соодветно на оваа измена направени се измени и прилагодувања на сите пропишани временски распореди во рамките на денот на тргување, стои во известувањето.



Слично

Поврзани вести