Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ТРГНЕТЕ ОД ДВЕТЕ СТРАНИ, СУДРЕТЕ СЕ НЕГДЕ“: Мицкоски објави видео, им дава насока на градоначалниците и претпријатијата како да чистат

„ТРГНЕТЕ ОД ДВЕТЕ СТРАНИ, СУДРЕТЕ СЕ НЕГДЕ“: Мицкоски објави видео, им дава насока на градоначалниците и претпријатијата како да чистат

Целата држава се сврте кон хигиената во Скопје, на денот кога градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски го доби уверението, а по официјалното завршување на изборниот процес за градот. 

Откако објавија фотографии, денеска премиерот Христијан Мицкоски објави и видео во кое дава на насоки како и каде треба да се чисти. 

„ЕЛЕМ кај Гостивар да не пушта на Вруток и ЕВН на Треска. и ЕЛЕМ да не пушта на Света Петка и Козјак. 12 часа, многу е 24 часа. Ќе падне водостојот тука и ќе влезете ќе исчистите. Кејот треба да се исчисти од мостон Обединети Нации, до мостот Близнак во Аеродром. Тргнете од двете страни, судрете се негде. И тоа треба да се исчисти, да заличи на нешто“, вели Мицкоски. 

На градоначалниците и функционерите кои беа околу него, им кажува што треба да се направи и на плоштадот Македонија. 

„Овде треба нова клупа да се стави, таму треба нова клупа да се стави, гледаш како е искршена. Има многу работа, ама се прави ова, не треба многу време, за месец дена, оваа површина за месец дена ќе светне“, додава тој. 

За да го видите видеото, кликнете тука.


Слично

Поврзани вести