Тргнала на работа, по што ја нападнале кучиња и бегајќи скршила нога
Teтовчанка на возраст од 40 години скрши нога и повреди рака бегајќи од кучиња скитници. Ова се случило во неделата околу 23 часот на булеварот „Маршал Тито“ кај зелениот пазар.
„Се движев од дома кај зелениот пазар кон автобуската постојка на булеварот за да одам трета смена на работа. Кучињата ме нападнаа кај пазарот. Се обидов да побегнам преку жардиниерата помеѓу тротоарот и велосипедската патека, но тука се сопнав и ја искршив ногата и ја повредив раката“, вели В.С инаку мајка на три деца.
Случајот е пријавен во полиција. Досега имаше многу поплаки за кучињата скитници кои напаѓаат луѓе во Скопје, но и во другите градови.
Во полициските билтени често има пријави за напади од кучиња скитници.
Слично
