ТРГНАЛ ОД ГЕРМАНИЈА, ТРЕБАЛ ДА СТИГНЕ ВО СТРУГА: Maкедонски државјанин почина во автобус во Србија
Македонски државјанин тргнал од Германија кон Македонија и починал во автобусот во Србија.
Автобусот застанал на паркинг кај ресторан на автопатот меѓу Белград и Ниш, кога сопатниците забележале дека мажот се чувствува лошо и се обиделе да му помогнат.
Според српските медиуми, 70-годишен маж – патник во автобус кој се движел од Германија кон Македонија утрово починал околу 10 часот кај Михајловац. Станува збор за македонски државјанин од Струга.
На местото пристигнале екипа на итна медицинска помош и полициски службеници. Се направени обиди за реанимација, но тие биле неуспешни.
Причината за смртта не е утврдена, а телото е предадено на обдукција.
Слично
