Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРГНАЛ НА ВЕНЧАВКА КАЈ СВОЈОТ МАКЕДОНСКИ КОЛЕГА БОЧВАРСКИ, НА ГРАНИЦА ЧЕКАЛ ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН ЧАС - еве како Отворен Балкан го искусил српскиот министер за градежништво

ТРГНАЛ НА ВЕНЧАВКА КАЈ СВОЈОТ МАКЕДОНСКИ КОЛЕГА БОЧВАРСКИ, НА ГРАНИЦА ЧЕКАЛ ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН ЧАС - еве како Отворен Балкан го искусил српскиот министер за градежништво

Српскиот министер за градежништво Томислав Момировиќ синоќа сакал да дојде на венчавка кај колегата Бочварски, но на граница чекал повеќе од еден час.

За него тоа е неприфатливо и вели дека затоа ни е потребен Отворен Балкан. 

Тоа тој го објави на својот твитер профил.

„Тргнав во Скопје, на венчавката кај мојот пријател и колега Благоја Бочварски. На граница чекав подолг од еден час. Тоа е неприфатливо. Потребен ни е Отворен Балкан“, пишува Момировиќ на Твитер.


Слично

Поврзани вести