Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трето прскање против комарци викендов

Трето прскање против комарци викендов
Градот Скопје ги известува граѓаните дека третиот наврат на авионската аеросолна дезинсекција во 2014 година против комарци, на подрачјето на Скопје, ќе се одвива во деновите од претстојниот викенд, односно на 12.07.2014 (сабота) и на 13.07.2014 (недела), во период од 05.30 до 08 часот. Третиот наврат на терестричната аеросолна дезинсекција (прскање од земја) против комарци, на подрачјето на Скопје, ќе се одвива во деновите од 13.07.2014 до 17.07.2014 (од недела до четврток), во периодот од 23 часот па се до 03 часот, наредниот ден. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Слично

Поврзани вести