Економија, финансии, бизнис

Контакт

Третиран првиот пациент во ГОБ „8 Септември“ од корона вирус

Третиран првиот пациент во ГОБ „8 Септември“ од корона вирус

Директорот на болницата „8 Септември“ Христијан Костов за ТВ24 изјави дека еден пациент заболен од Ковид-19 веќе бил згрижен од центарот откако таму бил позитивен натестот за корона вирусот.

Костов потенцираше дека се подготвени да примат повеќе пациенти дијагностицирани со коронавирус, а на кои истовремено им е итно потребна друга медицинска интервенција.

– Целокупниот ресурс на болницата е ставен во служба. Реорганизацијата ќе служи за пациенти на кои им е потребен инвазивен третман или се високо или ниско суспектни на вирусот. Ние имаме пациенти и ќе имаме и тоа не не плаши. Спремни сме да ги прифатиме позитивните пациенти. Од 30 досега тестирани, само кај еден е добиен позитивен резултат. Со оглед на тоа што му беше потребна хируршка интервенција, пациентот е префрлен на Инфективната клиника. Кај другите резултатите беа негативни – изјави Костов.

Покрај Инфективна во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, доколку дојде до пораст на болните од КОВИД-19, следна болница каде што тие ќе се лекуваат е Градската општа болница „8 Септември“, односно поранешна Воената болница. 

ГОБ „8 септември“ има 400 кревети, односно капацитет за 400 лица. „Таму има голем број предности. Односно, има и инфективно одделение и тројца специјалисти. Така што, следна институција која би ги презела болните би била „ГОБ 8 Септември“, велат од Министерството за здравство.


Слично

Поврзани вести