Третина Британци заради Брегзит ќе го „стегнат“ ременот
Тројца од пет Британци се загрижени за стопанството по излегувањето на Британија од унијата.
Тие сметаат дека Брегзит негативно ќе влијае на нивните лични финансии. Повеќе од третина од Британците ќе мора да го намалат купувањето, покажува истражувањето на агенцијата Retail Economics.
Истражувањето направено на 2000 граѓани по референдумот покажува дека 37% од нив ќе го намалат купувањето на телевизори, мебел, но ќе штедат и на годишен одмор.
Британците се загрижени дека трошоците за живот ќе се зголемат.
Околу 58% изјавиле дека ќе се воздржат од купување на производи кои не се од витално значење.
Слично
