Трета жртва од вчерашната стравична сообраќајка во Богданци
Уште еден од учесниците во вчерашната стравична сообраќајна несреќа на локалниот пат Гевгелија-Богданци почина како резултат на тешките телесни повреди.
По приемот во ургентниот центар во болницата во Гевгелија починал и Б.Џ. (1997) возачот на „аудито“ кое се судри со „форд фиеста“ од Кавадарци.
Во директниот судар на самото место на несреќата починаа исто така две многу млади лица, на возраст од дваесетина година од Богданци.
Слично
