Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трета среќа за разрешувањето на Зврлевски овој викенд?

Трета среќа за разрешувањето на Зврлевски овој викенд?

Расправата за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски е можно да се одржи овој викенд, брифираат дел од медиумите повикувајќи се на свои извори кои велат дека до четврток треба да заврши деловнички предвидениот рок за ребалансот на Буџетот, по што додека тој биде на разгледување назад во Владата, вакуум периодот од неколку дена да биде искористен да се доврши започната седница за Зврлевски.

Собранискиот спикер Талат Џафери имено ги известил координаторите на пратничките групи кои присуствуваат кај него на координација, дека од петок, кога завршува комсијасата расправа за ребалансот на буџетот, до понеделник кога треба да почне собрансиката седница за буџетот, планира да ги закаже сите прекината седници, со приоритет за разрешувањето на Зврлевски. 

Слично

Поврзани вести