„Трета среќа“ за лидерската: Старт во 9
Владата ја закажа третата лидерска средба.
Во 9 часот партиските лидери ќе ги продолжат разговорите на кои не им најдоа НЗС на последните два состаноци.
Лидерската средба во четвртокот заврши безуспех, но според партиите некои прашања се приближиле кон слични ставови.
Лидерите на партиите ќе се обидат да најдат консензус за стратешките прашања од кои фокусот ќе биде на формирањето на ДИК и претстојниот референдум кој според најавите ќе се одржи наесен.
Ќе се дискутираат и условите на ВМРО-ДПМНЕ - Законот за финансирање на партии, измени во Законот за Влада и измени во Кривичниот законик поврзани со амнестијата.
Слично
