ТРЕТА КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДЕХАРИ: вработил четири лица кои не доаѓале на работа - го оштетиле буџетот за 130 илјади евра
Поднесена е трета кривична пријава против поранешниот градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари. Третата пријава која ја поднесе Министерството за внатрешни работи е за „злоупотреба на службена положба и овластување“, а воедно во оваа пријава, покрај Дехари, опфатени се уште четири лица за „перење пари и други приноси од казниво дело“
- ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(52) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, како и против Ф.А.(62) од с. Зајас, А.Н.(38) од с. Србица, Х.Б.(37) од с. Црвевци и Б.С.(36) од с. Стрелци, за сторено кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.
Првопријавениот Ф.Д., во својство на градоначалник на Кичево, во периодот од 2021 до 2025 година, свесно и со умисла, постапил спротивно на одредбите од Законот за работни односи и непостапувајќи согласно Законот за локална самоуправа, склучил договор за вработување со останатите пријавени лица.
Потоа, со пропуштање на должен надзор, свесно им дозволил да не доаѓаат на работа и да им бидат исплаќани плати, други надоместоци и придонеси од општинската каса и по истекот на законскиот рок не им го прекинал работниот однос.
На тој начин, Ф.Д. во посочениот временски период, го оштетил буџетот на општина Кичево во износ од 130.000 евра и дозволил другите пријавени лица да се стекнат со материјална корист, од кои, секој засебно и на своја сметка, примиле различна сума пари иако знаеле дека се добиени по сторено казниво дело - се посочува во објавата на МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
Кривична против Дехари, направил дива градска депонија во Кичево
Слично
