Трета биста на антифашистички борец украдена во Скопје за кратко време
Бистата на Невена Георгиева – Дуња е искорнат и украдено од дворот на училиштето коешто го носи нејзиното име во скопската општина Кисела Вода. Постаментот е оштетен, а искршени се и плочките на коишто беше поставено спомен-одбележјето.
Бистата на хероината од Народноослободителната е поставена во декември 2019 година, по повод на одбележувањето на 55-годишнината од основањето на ова основно училиште. Се работеше за нова биста откако претходната беше, исто така, украдена во 2016 година.
Неодамна, претседателот на државата Стево Пендаровски додели постхумно одликување за Невена Георгиева – Дуња коешто го примија членовите на нејзиното семејство.
Изминатиот викенд во Градскиот парк беа оштетените спомениците и одземени бистите на
поетите Никола Вапцаров и Коле Неделковски. Вапцаров е стрелан во Софија во 1942 година од тогашната фашистичка власт во
Бугарија, а Неделковски претходната година ќе загине при обид на бугарската
полиција да го уапси исто така во Софија.
Пред кражбата, непознатите арамии ги турнале постаментите на двете спомен-обележја, а потоа речиси хирушки прецизно се отсечени бронзените бисти.
