Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРЕТ ДЕН ЗАКАНИ ЗА ПОСТАВЕНИ БОМБИ, се евакуираат учениците од Карев и Корчагин

ТРЕТ ДЕН ЗАКАНИ ЗА ПОСТАВЕНИ БОМБИ, се евакуираат учениците од Карев и Корчагин

Средините училишта во Скопје повторно под закана за поставена бомба. 

До редакцијата на „Фактор“ пристигна информација дека на учениците во средното училиште „Никола Карев“ им е кажано да ги напуштат училниците безбедно и да заминат подалеку од околината на училишната зграда. 

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) потврдуваат за „Фактор“ дека денеска е пристигната закана за бомба, само за едно средно училиште. 

- Денеска (28.10.2022) во СВР Скопје околу 14 часот е пријавено дека на меил адресa на едно училиште во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземаат мерки за безбедно евакуирање на училиштeто и антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот - соопштуваат од МВР.

Подоцна пристигнаа и нови закани за поставени бомби и во други училишта. 

И учениците од средното училиште Раде Јовчевски- Корчагин веќе се евакуирани.

За потесетување, ова е трет ден како пристигнуваат заканувачки мејлови до средните училишта. 

Во текот на вчерашниот ден испразнети и проверени беа девет средни училишта, додека ден претходно закани за бомби добија осум училишта. 

*фотографијата е од вчерашната евакуација на средното училиште Раде Јовчевски- Корчагин

Слично

Поврзани вести