Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ТРЕТ ДЕН НЕ МИ СЕ ЈАВИЛЕ ОД ПОЛИЦИЈА“: Галетановски го објави запаленото возило, вели дека инспектори „чешлале“ камери во Кисела Вода

„ТРЕТ ДЕН НЕ МИ СЕ ЈАВИЛЕ ОД ПОЛИЦИЈА“: Галетановски го објави запаленото возило, вели дека инспектори „чешлале“ камери во Кисела Вода

Претседателот на скопската организација на СДСМ, Ѓорѓи Галетановски на Фејсбук објави фотографија од неговиот запален автомобил, со став дека полицијата не се јавила кај него веќе трет ден.

„Бидејќи многу пораки имам со прашања дали има нешто за кукавициве да одговорам на сите. Не,трет ден не ми се јавиле од полиција но како што ми кажуваат жители од К вода комшии сопственици на дуќани, инспектори секојдневно чешлале камери овие два дена и интензивно работеле со распити. Ги поздравувам и се надевам дека ќе ја откријат оваа кукавичко криминална банда да го вратат мирот на граѓаните. Казните за овие дела мора да ги зголемат и изедначат со тероризам бидејќи граѓаните освен финансиски оштетени се и психички“, вели Галетановски.



Слично

Поврзани вести