Економија, финансии, бизнис

Контакт

Треновски во КЛИК ПЛУС: 50 проценти од младите би влегле во администрација

Треновски во КЛИК ПЛУС: 50 проценти од младите би влегле во администрација

На дебатата „Јавен сектор - Сервис на граѓаните или леб без труд?“ на Клик Плус на ТВ 21 синоќа професорот Борче Треновски рече дека луѓето размислуваат дека во администрација платата е поголема и е подобро да се работи. 

Треновски вели дека 50% од младите би влегле во администрација со партиска поддршка ако им се овозможи. 

„Една четвртина се задоволни, една четвртина се екстремно незадоволни, од граѓаните“  вели Треновски. 

Министерот за администрација и информатично општество, Дамјан Манчевски вели дека се многу важни анализите. 

Вели дека важно е граѓаните да се задоволни од услугите, и тоа е крајна цел. 

Фестим Халили, екс вицепремиер за спроведување на Рамковниот договор вели дека не сите институции го почитуваат механизмот за балансирање со правичната застапеност. 

Слично

Поврзани вести