Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРЕНДО ЗА ФАКТОР: Секои избори ме прават кандидат за градоначалник

ТРЕНДО ЗА ФАКТОР: Секои избори ме прават кандидат за градоначалник

По објавите на повеќе медиуми дека Сашо Мацановски Трендо најверојатно влегува во трка за градоначалник на скопската општина Центар како кандат на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, тој за Фактор вели дека тоа не е точно.

-Секои изборни циклуси ме прават кандидат за градоначалник. Но, ниту сме разговарале со партијата, ниту пак ВМРО-ДПМНЕ ме прашале. Јас сум задоволен со тоа што го работам во моментов, така што навистина такво нешто не постои. Дури и се шегував со ваквите информации, напишав не на Центар, туку на Центар Жупа. Aко јас на секои избори можам да бидам ‘изненадување на колото’ и тоа на луѓето да им звучи како нешто ново, тогаш ми е јасно како може бескрајно да се обновуваат ‘надежите од следниот самит на еу’ , вели Трендо за Фактор.

Инаку, според наводите на повеќе медиуми како потенцијален кандидат за оваа позиција се споменува и доктор – специјалист кој високо котира во опозициските партиски редови.


Слично

Поврзани вести