Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трендафилов: Прв чекор за уништување на синдикатите е одземање на домот, бараме оставка од Врховниот суд

Трендафилов: Прв чекор за уништување на синдикатите е одземање на домот, бараме оставка од Врховниот суд

Оставки од претседателот на Врховниот суд, но и од членовите на Советот на судии ќе побараат претставниците на Сојузот на синдикати на Македонија ако се покаже како вистинито дека највисокиот судски орган во земајва донел одлука за одземање на зградата на работниците, поточно Работничкиот дом. 

Ова го соопшти претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов кој соопшти дека според информациите со кои располагаат, а кои се уште не се официјално стигнати до нив, а тоа е дека Врховниот суд донел пресуда со која се одзема објектот на ССМ.

На вонредна прес-конференција, Трендафилов рече дека ќе сторат се да не се одземе објектот на ССМ и дека ќе побараат оставка од претседателот на Врховниот суд. 

- Сојузот на синдикати на Македонија како единствена класна и работничка организација која опстојува од 1946 година, денес се соочува со најголемиот напад за егзистерирањето на ССМ во Македонија, поради се што правевме во минатото, во борбата за подобри услови за работниците, штрајковите и сите активности очигледно беа кнедла за многу функционери и многу судии и неименувани лица кои сакаат да го дисциплинираат синдикалното движење во Македонија и на тој начин да го уништат.

Добивме информации кои се неофицијални и кои сакаме да веруваме дека не се такви, дека Врховниот суд донел пресуда со која се одзема работничкиот дом кој е граден со средства од работниците, дом кој е граден во 1958 година, врз основа на целокупната документација со која раполагаме се инвестирани 430 милиони динари или повеќе од 8 милиони долари денешна противвредност, имот кој е граден врз основа на договор за градба, одобрение за градба, инвестициски средства, од платата на раобтниците, Врховниот суд, имајќи предвид дека е највисока судска инстанца, со таква одлука не може да биде оспорувана во домашното право, туку само надвор - кажа Трендафилов.

Тој дополни дека со сегашната одлука, се поништуваат сите постапки почнати од 1992 година, кои се донесени одтогаш и досегашни пресуди, шест во последните години, со што преиначуваат и поништуваат многу одлуки низ годините со претпоставка дека синдикатие не можеле да располагата со тие пари, и тоа како што дополни од денешните судии, кои тогаш не биле родени или биле во пелени.

- Иако досега сме успеал да го зачуваме имотот на работниците, за возврат на тоа што сме се бореле, а Врховниот суд нене спречил да го зачуваме тоа што работниците го граделе, но тоа што успеавме да го зачуваме, сега сакаат да го разграбаат.

Го преживеавме земјотресот, ќе го преживееме и обидот на Врховниот суд. Дали Врховниот суд ќе го преживее гневот на работниците и на граѓаните останува да видиме.

Симптоматично е што претседателот на Врховниот суд бил вклучен во постапката уште во 2005 година, уште додека извршувал функција заменик јавен првобранител, и сакал да го земе имотот на работниците, за денеска кога е претсетадел на Врховниот суд да ја одземе зградата на сидникатот од позиција на моќ - укажа Трендафилов.

Тој дополни дека сите претставници на синдикатите се сложиле дека ќе бараат оставка на Врховниот суд, кој е основан истата година кога и Синдикатот, и напомена дека ССМ е единствена организаицја која е останата од тогаш. 

- Жално е што ова е слично како и во 1933 година кога биле затворани синдикалните лидери во нацистичка Германија, денеска истите методи ги применува Врховниот суд во Македонија. Нема да дозволиме некој да си игра тоа што работниците до својата пот од своите мали палти го изградил ова место, од кое почнуваат сите протести.

Ако им пречи што протестираме за нашите плати, за нашите права, ако им сметаат активностите на синдикатите, во демократско општество се поздравувани од тамошните судии и политичари, во Македонија во 2023 години ни се случува фашизам е недозволиво - потенцираше Трендафилов.

Укажа дека нападот врз ССМ е напад врз секој работник, напад врз лидерот нема да дозволиме работничкиот дом да стане функционерски. Тоа што ние го правиме, нема да го запреме.

- Не може вака да се дисциплинираат сиднидкатите. Одлучивме да побараме оставка од Врховниот суд, но и од советот кој побарал ваква одлука. Имам да им упатам порака, на вакво корумпирано судство, кое има само 2 проценти доверба од граѓаните,

Да кажат колку чини нивната корупција. Ако им требаат пари да кажат колку, да им дадеме, ако им треба памет да кажат ќе им поклониме

Ако мислат дека од канцеларија ќе одлууваат за работничката судбина, за работничкиот дом кој сме го граделе со пот и мака, очекуваме оставка денеска. Ако не ќе посакаат судскоит совет да ја разрешеше претседателката. Ако не ќе треба да преминеме да се бориме против сите неправди во ова општество и да покажаме заби на целото корумпирано судство, со цел на исклучоците, да не се уништува ниту имиџот ниту правната сигурност. Правна сигурност нема, поради корумпирани судии.

Правна сигурност нема, поради корупирани судии и корупмирапни судство - кажа Трендафилов.

Птоа тој испрати порака до оние судии кои чесно работат: „нема да дозволиме да бидат погазени досегашните одлуки, и да бидат избришани со обрзаложение на Врховниот суд од девет страни, на кои на пола страна пишувате дека се соменавате дека не можело да има средства за изградба на објектот“. 

- Мислите дека во 58 година имало помалку судство и дека немало тервезност во одлуката од 58 година, туку дека сега вие имате тервезност да прегазите бројни досегашни одлуки со кои се потврдува сопственоста на оваа зграда.

Од почетокот на изградбата е во сопственост на синдикатот. Многу години имало обиди за да се приграби зградата за разни политички елити, но досега аргументите биле пресилни, средствата кои се двоеле се преголеми, документите кои се покажани, целокупните документи се на име на сојузот на синдикатите... ако сметаат дека со одземањето на овој симбол на Скопје, кој го преживеал и земјотресот.

Тоа се нивни лични каприци, поради личен неуспех, не дисциплинирате синдикати, туку создавате револт... никој нема да влезе во оваа зграда. Непопуларната историја покажале дека прв чекор за уништување на синдиактот и на домаќинствата е со зимање на нивниот дом. Ако мислат дека судот со нешто вештачко мисли дека ќе ни ја земе зградата - вели Трендафилов.

Тој воедно посочи дека ССМ донеле одлука со која работничкиот дом ќе биде дома за синдикални состаноци на работници, и како таков неможе да има присилно одземање и со него располагаат синдикатите.

Потоа праша: На кого му е потребен домот на работниците?

- Загрижува формулацијата која ја прави Врховниот суд, форумулација која е лично мислење, без претходни истории од документации, ова за жал може да значи погубно нешто... ако сме свесни дека многу наши родители купувале социјални станови, може да им текне на корумпирани судии утре да одлучат да им ги одземат тие имоти, на истава основа..

Лично ќе се покрижам да ги извадиме сите нечисти работи на Врховниот суд. Наредниот период ќе напаѓаме, и ќе се бориме против корумпираното судство... слушаме дека политичарите постојано ветуваат дека ќе се борат со корумпираното судство, но тоа не се случува - потенцираше Трендафилов. 

Фото: Притнскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести