Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трендафилов: Пратениците намерно дојдоа порано на работа пред протестот

Трендафилов: Пратениците намерно дојдоа порано на работа пред протестот

Слободан Трендафилов, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, на денешната блокада пред Собранието рече дека некои пратеници намерно дошле на работа пред почетокот во 9.00 часот за да го избегнат протестот за зголемување на минималната плата на 600 евра.

– Како што ветивме, по 21 човек блокираме да не можат да дојдат со возилата на работа, да не можат да наплатат трошок како да возат на керозин, да мора да дојдат пешки или со јавен градски превоз. Моите информции се дека голем дел пратеници станале рано за да дојдат пред девет на работа, за да не се соочат со работниците на улица, затоа што се срамат од нив.Се срамат од своите гласачи затоа што одбиваат да ја зголемат работничката плата, а од друга страна пратениката плата ќе се зголеми не само за 9,2 проценти како што си пресмета гувернерот, туку и за 12, 6 проценти затоа што е голема веројатноста Уставниот суд да ја укине уредбата од Владата од претходната година, што значи дека на 100 или 120 илјади денари добиваат 21 процент зголемување на нивните плати, рече Трендафилов.

Тој повтори дека во четврток ке биде блокиран приодот до Стопанската комора, а наредниот вторник Владата.

- Се надевам дека од Влада нема да избегаат како што кукавички избегаа пратениците кои многу рано станале можеби за прв пат во нивната пратеника кариера и дошле на работа пред осум часот. За крај денес не смеат да наплатат патни трошоци, не смеат да наплат онака како што наплаќаат во висина од над 14 милиони денари лани или како што имаме рекрдери кои наплатиле над 10 илјади евра за една година доаѓање на работа. Ќе се обратиме и до претседателот на Собранието да не извести кој е тој алчен пратеник кој наплатил денес 200 евра затоа што доаа на работа, рече Трендафилов.

Тој побара од пратениците на седницата да предложат зголемување на минималната плата од 600 евра и зголемување на сите останати работнички плати за најмалку 6.000 денари  Доколку не го напрват тоа Трендафилов рече дек ќе започнат со собирање потписи.

-Доколку не го направат тоа ќе собереме 10.000 потписи и ние ќе им станеме овластен преддлагач и ние ќе им ги намалиме нивните пратенички и функционерски плати. Не осудуваат дека иниицјативата на ССМ за намалување на нивните плати за 80 проценти била неуставна, затоа што ќе дошле на минималец. Па сватиле колку е тешко ќе живеат на минималец, па затоа сметаат дека е неуставно да им се намалат големите пратенички плати. Но, прашуваме како тоа ако ги намалат за 9,2 проценти коефициентит ќе биде уставно, а неуставно е ако ги намалат за 80 проценти? Кажавме дека 28 јануари е само почеток, ќе правиме таргетирани блокади за кои ќе ни се потребни многу малку луѓе,истакна синдикалниот лидер.



Слично

Поврзани вести