Трендафилов: Да беа вака жестоки за зголемување на минималната плата, немаше да служат за потсмев
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ), Слободан Трендафилов вечерва се заблагодари на власта за пи-арот што, според него, насмеал половина држава, а ја свртел против нив и другата половина.
Ова е саркастична реакција на повикот на Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ јавното обвинителство да покрене истрага против Трендафилов затоа што возел службено возило за приватни цели, откако пратеничката Дафина Стојаноска објави видео.
„Се трудев да најдам позитивен коментар на тоа што се обидуваат да го направат, но нема. За жал, или не внимаваат што зборуваат, или намерно го прават тоа и мислат дека само што не го свртеле народот против народот, само што не ги свртеле овие со минимална плата против овие со минимална плата. Но, што ти значи еден ден возење со пешки на пратениците, без патни трошоци како да возат на керозин, што ти значи и иницијативата и тие да дојдат на минималец, да ги намалат нивните плати, но затоа не бираат средства, за да не го изгубат тоа. Да беа вака жестоки за зголемување на минималната плата и за зголемување на работничките плати, како што се жестоки да го одбранат неодбранливото, денеска ќе беше друго, немаше да служат за потсмев и немаше да ги осудуваат“, напиша Трендафилов на социјалните профили.

ССМ бара минимална плата од 600 евра, но и сите други плати да се зголемат за 100 евра.
фото Фејсбук/Слободан Трендафилов
