Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тренчевска за две недели очекува исплата на финансиската помош за енергетската криза

Тренчевска за две недели очекува исплата на финансиската помош за енергетската криза

Министерката за труд и социјална политика Јован Тренчевска денеска пред медиумите изјави дека очекува за две недели да започне исплатата на финансиската помош за најранливите категории на граѓани за справување со енергетската криза.

Собранието пред два дена го усвои Предлог-законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, по скратена постапка,  предложен од Министерството за труд и социјална политика.

По 3.000 денари месечно во наредните четири месеци, или вкупно 12.000 денари, ќе примаат 42.000 граѓани од ранливи категории. Тука спаѓаат лица кои користат право на социјална сигурност, лица кои го користат правото за попреченост, родители на децата со попреченост до 26-годишна возраст кои користат право на посебен додаток, лицата со попреченост кои користат право за помош и нега од друго лице, лицата со потешки трајни промени во здравствената состојба, самохрани родители корисници на гарантирана минимална плата и невработени лица. Директна финансиска поддршка ќе има и за пензионерите приматели на најниски пензии: 

- Ситуацијата будно ја следиме, во Владата се прават анализи и секако во 2023 доколку биде потребно ќе биде проширен опфатот на нови категории на граѓани кои што ќе добиваат финансиска поддршка, најави Тренчевска.

Слично

Поврзани вести