Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тренчевска за Димовски: Голем борец за работничките права и за подобрување на животот на сите граѓани

Тренчевска за Димовски: Голем борец за работничките права и за подобрување на животот на сите граѓани

Смртта на првиот човек на ССМ, Дарко Димовски, предизвика шок и неверување во јавноста за прерано заминатиот претседател на Синдикатите. 

Бројни коментари и постови за Димовски, од кои многумина ја истакнуваат неговата посветеност за работничките права во земјава. 

Меѓу нив и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, која напиша дека Дарко ќе остане во сеќавање како голем борец. 

- Со жалење ја примив веста за згаснувањето на животот на претседателот на ССМ, Дарко Димовски.

Во мое име и име на Министерството за труд и социјална политика изразувам сочувство до блиските и семејството.

Дарко ќе остане во нашите сеќавања како голем борец за работничките права и активен партнер во социјалниот дијалог за подобрување на животот на сите граѓани во нашата држава.

Слава му - напиша таа на Фејсбук.


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести