Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тренчевска вели дека не се укинати средствата за децата со Даунов синдром, туку осум немале целосна документација

Тренчевска вели дека не се укинати средствата за децата со Даунов синдром, туку осум немале целосна документација

Не се укинати средствата за децата со Даунов синдром, туку осум деца немале целосна документација, вели министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска.

Тренчевска објаснува дека 8 деца од вкупно 121 немале комплетна медицинска документација и имаат  негативен наод  при преглед од  Комисијата за проценка. Но, вели се прават напори да се обезбеди парична помош и за овие деца.

„При посетата на Комисијата за проценка на функционалноста, кај 8 деца  е даден негативен наод. Министерството стапи во контакт со овие деца и Комисијата за проценка да се направи повторен увид и да се даде повторен наод“, рече Тренчевска.

Тренчевска вели дека не е укинато ниту едно право на лицата и децата со попреченост, туку напротив има нови услуги и се зголемени средствата за нив. И премиерот Димитар Ковачевски денеска одговарајќи на новинарско прашање демантираше дека е укинат додатокот од 6.000 денари за дел од децата со Даунов синдром, тврдејќи дека станува збор за шпекулација. Оваа информација поттикна бурни реакции во јавноста. 

Слично

Поврзани вести