Требаше ли Бугарија да го крене ветото за Македонија - мнозинството Бугари рекле НЕ
Анкета на агенцијата Алфа Рисрч, покажа дека секој втор Бугарин се изјаснил против гласањето во Народното Собрание, кое го отвори патот за почеток на преговори на Македонија со ЕУ. Mнозинството Бугари се против кревање на ветото за Македонија.
На прашањето, „Требаше ли Бугарија да го крене ветото за Македонија”, 53 отсто од испитаниците рекле НЕ, додека потврдно одговориле 42 проценти. Агенцијата наведува дека ваквиот исход на анкетата покажува дека не се исполниле очекувањата на аналитичарите, дека кревањето на ветото ќе предизвика големи потреси во бугарската јавност. Анкетата е направена со повеќе од илјада граѓани во периодот од 25 јуни до 1 јули.
foto freepik.com
Слично
