Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ТРЕБАШЕ ДА СЕ ВОВЕДЕ БЕЗВИЗЕН РЕЖИМ СО САД“: Откако САД ја суспендираше обработката на иселенички визи, Османи раскажа што направил тој како Министер за надворешни работи

„ТРЕБАШЕ ДА СЕ ВОВЕДЕ БЕЗВИЗЕН РЕЖИМ СО САД“: Откако САД ја суспендираше обработката на иселенички визи, Османи раскажа што направил тој како Министер за надворешни работи

Пред неполни четири години, со посета на Вашингтон на 2 јуни 2022 година, започна Стратешкиот дијалог меѓу Република Северна Македонија и САД како надградба на Стратешкото партнерство од 2008 година. Тоа го отвори патот за висок политички дијалог, но и за длабока меѓуресорска и меѓуинституционална соработка меѓу двете земји, објави екс министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

„Една година подоцна, во јуни 2023 година, Владата го усвои десетгодишниот план за активности во рамките на стратешкиот дијалог со период на реализација од 2023-2033 година, кој претходно беше усогласен (no objection) и со Стејт департментот на САД. МНР беше задолжена институција за следење на реализацијата на овој план, преку хоризонтална координација на останатите ресори и институции.

Во рамките на Стратешкиот дијалог, во текот на следната 2024 година, беа започнати активности за приклучување на земјата кон „Global Entry“ програмата на САД., со која требаше да се обезбеди непречен влез во САД на државјани на Северна Македонија со американска виза без спроведување на вообичаените безбедносни и царински проверки на граничните премини.

Во една подолгорочна процедура, во Стратешкиот дијалог беа предвидени и во соработка со МВР и другите безбедносни служби, беа започнати активности за усогласување на земјава со безбедносните системи на САД, со цел постигнување на критериумите за влез во т.н. Visa Waiver програмата на САД, која во еден подолг процес на крајот треба да резултира со воведување на безвизен режим меѓу двете земји“, објави тој. 

Неговиот статус доаѓа откако САД ги суспендираше обработувањето на иселенички визи за 75 држави меѓу кои и Македонија. 


Слично

Поврзани вести