Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРЕБАЛО ДА ОДГОВАРА ЗА УБИСТВО ВО ХОЛАНДИЈА, ИЗБЕГАЛ ВО МАКЕДОНИЈА И ТУКА БЕШЕ УБИЕН - холандски медиуми пишуваат за Љаци

ТРЕБАЛО ДА ОДГОВАРА ЗА УБИСТВО ВО ХОЛАНДИЈА, ИЗБЕГАЛ ВО МАКЕДОНИЈА И ТУКА БЕШЕ УБИЕН - холандски медиуми пишуваат за Љаци

Еден од двајцата убиени во локалот „Шиша бар“ во Чаршија, Енес Исени, кој бил наречен Љаци, избегал од судење за убиство во Холандија. 

Холандските медиуми објавија дека овој 28-годишник бил осомничен пред две години дека бил вклучен во пукање и убиство на плажа во Берген ан Зи.

Исени со уште неколку други лица во февруари 2021 година на среде бел ден на влезот на плажата во Берген ан Зи се обидел да киднапира Колумбиец, како одмазда за наводна измама со лажен кокаин. Пресметката завршила со пукотници, Колумбиецот бил погоден, а подоцна починал. Криминалната банда побегнала со оружјето и со неколку автомобили.

Неколку недели подоцна, првоосомничениот бил уапсен во Холандија, а полицијата добила информации дека останатите се кријат во Шпанија.
Спопред NH Nieuws, во март во Малага, Шпанија, Енес Исение е уапсен и екстрадиран во Холандија. Поминал 10 месеци во притвор, по што со одземен пасош е пуштен од слобода да го чека судењето во Холандија, но не смеел да ја напушта државата. Но, тој ги прекршил овие мерки и избегал во Македонија. Не е познато како без пасош влегол во Македонија. Судењето за убиството на Колумбиецот почна завчера во Холандија.

Инаку, двојното убиство во „Шиша бар“ во Старата скопска чаршија се случи на 6 март, кога маскирани лица ги убија Исени и Јетон Кривањева, со 40 до 50 куршуми. Шефот на Скопското обвинителство Гаврил Бубевски кажа дека станува збор за пресметка за позиции на нарко-пазарот.

Слично

Поврзани вести