Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРЕБАЛО ДА БИДЕ ВО ЗАТВОР, ПА ГО УАПСИЛЕ НА ГРАНИЦА: Во автомобилот му бил пронајден и гасен пиштол

ТРЕБАЛО ДА БИДЕ ВО ЗАТВОР, ПА ГО УАПСИЛЕ НА ГРАНИЦА: Во автомобилот му бил пронајден и гасен пиштол

Жител на Богданци бил уапсен при обид да ја помине границата на Македонија, иако бил баран од гевгелискиот суд за издржување на затворска казна. Во автомобилот му бил пронајден и гасен пиштол.

„На 27.10.2025 во 17:00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Д.Б.К.(41) од Богданци затоа што при извршени гранични проверки било констатирано дека бил баран од Основен суд Гевгелија за издржување на казна затвор за сторено кривично дело по член 367 од Кривичниот законик. Додека, при преглед во возилото „мерцедес“ со полски национални ознаки, со кое допатувал, бил пронајден и одземен еден гасен пиштол“, соопшти МВР.

Тој е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Слично

Поврзани вести