Треба ли пратеници и вршители на јавни функции да се тестираат за (зло)употребата на наркотични средства?
Преку иницијатива се бара пратениците доброволно да се тестираат за употреба на наркотични средства.
Зад оваа инцијатива стои независната пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ која денеск преку соопштение го побара токму тоа.
Во соопштението на независните пратеници се бара Собранието од понеделник да овозможи услови но и лекарски тим кој ќе може то да го спроведе.
Тие меѓудругото предлагаат и актуелни и поранешни функционери, административни службеници, но и судии, обвинители, градоначалници и нивни советници да се придружат кон оваа иницијатива.
Така, како што потенцираат во соопштението, ќе им дале добар пример на граѓаните во борба против зло(употребата на наркотични средства и ги поттикнуваат вршителите на јавни функции доброволно да го направат истото.
