Економија, финансии, бизнис

Контакт

Треба ли на протест да се бара „Правда за Никола Груевски“?

Треба ли на протест да се бара „Правда за Никола Груевски“?

„Правда за Никола Груевски“ е страница на Фејсбук преку која се најави протестот за утре а на кој ќе се протестира за поддршка на екс лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски кој е неизвесно дали ќе добие имунитет или пак ќе мора да се јави во затворот во Шутка.

„Цела Македонија е сведок на неправдата која се врши врз поранешниот премиер на Република Македонија Никола Груевски. Експресните постапки со скратени рокови имаат за цел единствено ставање во затвор на Никола Груевски“-пишува меѓудругото под повикот за протест.

Од коментарите подолу под постот се поставуваат и прашања дали навистина Груевски е толку чесен па се бара правда за него и покрај сите криминали за кои е обвинет и за кои го чека судење.

Засега во само едно кривично дело Груевски доби пресуда, односнo две години затвор доби за набавката на луксузниот мерцедес кој е платен безмалку 600 илјади евра.

Слично

Поврзани вести