Економија, финансии, бизнис

Контакт

Треба ли градинките да работат во две смени?

Треба ли градинките да работат во две смени?

Избори се ближат, а растат препукувањата помеѓу опозицијата и власта.

Додека за СДСМ оваа мерка која ќе почне да функционира од први септември е помош за родителите и повеќе од потребна од ВМРО не мислат така.

„За неколку денови градинките ќе почнат со двосменско работење. Тоа ќе значи дека децата во градинките ќе бидат згрижувани во подолг временски период согласно потребите на нивните родители“, вели Јагода Шахпаска од СДСМ.

За ВМРО ДПМНЕ мерката со градинките е гол популизам без да се провери колку се подготвени за реализација, и предупредуваат на хаос во работата на установите.

Оттаму велат дека за да се реализира оваа мерка е потребно да се зголеми и  буџетот и блок дотациите за детските градинки. 

Двосменското работење ќе биде од 16 до 21,30 часот  а ќе важи за установите низ целата држава, со исклучок на градинки кои ќе проценат дека нема потреба од воведување на такво.

Граѓаните пак поделени во однос на прашањето за двосменско работење во градинките.

За едни мерката е навистина од потребна ако се земе предвид фактот дека некои родители одат и втора смена на работа и немаат кој да им ги чува родителите, додека други пак сметаат вакво нешто не е потребно.

Слично

Поврзани вести