Треба ли 2 јануари повторно да биде неработен ден?
Ако некој има што силно посакува 2 јануари да биде неработен ден тоа се работниците.
Сигурно барем една личност сте слушнале оваа година да каже: ех, што убаво би било кога повторно 2-ри би бил неработен да имаме уште еден ден споен за празниците. Нели?
Како и да е, можеби ова догодина ќе биде реалност, барем според она што го најавуваат од Министерството за труд и социјална политика по бројните зебелшки на граѓаните.
Се најавува преиспитување на Законот за празници и надлежните ќе бараат мислење и од работниците и од работодавачите.
„Работодавачите често укажуваат дека има многу празници. За да може да се пристапи кон какво било решение, ќе треба прашањето да се отвори и да се разговара со претставници на работодавачите и претставници на работниците и, секако, да се разгледаат меѓународните искуства за бројот на неработни денови. Потоа ќе може да се пристапи кон предлог во кој ќе се согледа и можноста дали 2 јануари да се смета како неработен ден“, посочуваат од Министерството за труд и социјална политика.
2 јануари работен ден стана во 2007 година кога беше изменет а беа додадени низа други празници за неработни денови.
Што мислите вие дали овој ден повторно треба да биде неработен, а да се укинат други празници и кои според вас?
