Економија, финансии, бизнис

Контакт

Треба да се почека да се смират емоциите, порача Радев за македонските преговори

Треба да се почека да се смират емоциите, порача Радев за македонските преговори

Веќе е извесно дека Македонија нема да ги почне преговорите со Европската Унија поради ветото од Бугарија. 

„Членство на Македонија во ЕУ само со прифаќање на „историската вистина“, вели бугарскиот претседателот Румен Радев. 

Тој им порача на браќата во Македонија, дека членството во Унијата им оди преку признавање на „историската вистина“. Ставот на Софија не е променет. 

„Треба да се почека да се смират емоциите и да се има трпеливост и здрав разум“, вели Радев за бугарската БГНЕС кој уште еднаш ги повтори ставовите дека Северна Македонија треба да влезе во ЕУ, но без говор на омраза. 

Потсетува дека зборувал и за Договорот за добрососедство од 2017 и нагласил дека една година по потпишувањето барал да се потпише анекс, бидејќи немало напредок.

„Македонската страна се обидува да најде разни изговори. Бугарските избори немаат никаква врска со нашата заедничка историја. Сите бугарски политички партии се согласуваат - не постои начин да се направи компромис со историјата и јасните историски факти“, рекол утрово европратеникот Андреј Ковачев за Македонија, а пренесува БГНЕС.

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов ги притиска медиумите да не преведуваат од македонски на бугарски јазик. 

Европската унија го тргна прашањето за проширување од дневниот ред во пресрет на утрешниот состанок на министрите за надворешни работи и лидерскиот самит закажан за крајот на неделава.

Слично

Поврзани вести