Треба да се конфискува криминално стекнатиот имот на Мијалков, вели Спасовски
Треба да се конфискува криминално стекнатиот имот на Мијалков, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на прес - конференција на која говореше за бегството на екс шефот на УБК, Сашо Мијалков.
Вели дека институциите треба да се насочат кон утврдување на имотот на избеганиот поранешен директор на тајната полиција и да се конфискува оној што е криминално стекнат.
„Прашањето треба да го насочиме кон тоа кој е имотот на Мијалков и да се конфискува, криминално стекнатиот имот треба да се конфискува, да се одземе во интерес на државата. Во тој дел треба да постапуваат институциите“, рече министерот.
За случајот има приведено лице, а вчера и денеска на разговор се повикуваат многу други лица. Спасовски на прес - конференцијата соопшти дека според нивни информации Мијалков не е ја напуштил Македонија.Од ВМРО-ДПМНЕ пак сметаат дека Спасовски треба да си поднесе оставка, затоа што власта знаела дека Мијалков се подготвува бегство, но не презела мерки.
Слично
