„ТРЕБА ДА ОДГОВАРААТ СИТЕ КОИ ТРЕБАЛО ДА ИСПИТААТ ДАЛИ СЕ ИСПОЛНЕТИ ЗАШТИТНИТЕ МЕХАНИЗМИ“: Најчевска по пожарот во Трубарево
Треба да одговараат сите министри кои биле на позиција министер за животна средина од моментот на давање на првата дозвола за постоење на ова складиште и сите градоначалници и сите директори на ин спекторатот за животна средина.
Ова го посочи попладнево професорката и општествен критичар, Мирјана Најчевска по големиот пожар во Трубарево каде беше запален рециклаторниот центар на „Ф-Групација“ во скопско Трубарево.
За потсетување станува збор за центар за отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори, литиум-јонски батерии од апарати и возила, како и секаков електронски отпад, каде вчера по 13.00 часот избувна пожар за кратко време предизвика густ црн чад и се прошири и на неколку околни објекти.
Пожарот утринава е ставен под целосна контрола по 15 часа.
Професорката децидно вели дека за овој пожар одговорност треба да сносат сите кои биле инволвирани во издавањето дозволи ваква фирма да работи во населено место.
- Треба да одговараат и сите оние кои требало да испитаат дали се исполнети сите заштитни механизми и дали вработените имаат обука за гасење на ваков вид пожар и дали имаат средства за гасење на ваков вид пожар.
Наместо премиерот и бандата кретеноиди околу него да тресат зелени ова се местата каде што треба да се бара одговорноста.
Доста бре ги лажете луѓето и ги правите поглупи оѕколку што се - напиша Најчевска на Фејсбук.
Еве ја нејзината објава:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
ПОЖАРОТ ВО ТРУБАРЕВО Е СТАВЕН ПОД ЦЕЛОСНА КОНТРОЛА - надлежните се уште се на терен
Слично
