„ТРЕБА ДА ИМ ЗАБРНАТ И ПЕШКИ ДА ОДАТ, А НЕ КОЛА ДА ВОЗАТ“ - остри критики по апсењето на возачи во високо ниво на алкохол во крвта
По информациите дека се уапсени повеќе сограѓани со алкохол во крвата, а меѓу нив и такви со поголемо количество, се огласи и Ина Многуфина, веќе препознатлива по критиките врз тековните случувања.
По бројните жртви на улиците, но и протестите кои се организираа како излив на револт од трегедијата што се случи во центарот на Скопје, кога животот го изгуби младата Фросина, нејасно е зошто луѓето и понатаму возат под дејство на алкохол.
Токму на оваа тема реагираше Ина со многу сериозни забелешки.
- Оние што ги фатиле со 2.35 и 3.34 промили алкохол во крвта треба да им забранат и пешки да одат, а не кола да возат.
Пијаничишта клошарски со волан се најопасно нешто по патиштана ама живееме во општество каде „да седнеме да видиме кој поише ќе издржи" е вид на успех во тоа круговите на пијаницине.
Толку ли е тешко да викнат такси коа ќе решат да се олешуваат? Ако они нејќат да живеат има такви што сакаат. Отпад од луѓе - напиша Ина на Фејсбук.
