„ТРЕБА ДА БИДЕ КРАЈ НА ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПАРТИИТЕ ШТО НЕ ВОДАТ ДО РАБОТ НА АМБИСОТ“: Најчевска со коментар на изјавата на Мицкоски дека не е крај на светот што две компании заминуваат
Професорката Мирјана Најчевска ја коментира изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека не е крај на светот тоа што две компании од земјава се повлекуваат од Македонија.
„Мицкоски: Не е крај на светот ако се повлекуваат две странски компании од Македонија.
Сигурно според него не е крај на светот и ако ни е даден негативен извештај од ЕУ.
Не е крај на светот и истрагата за Ипард фондовите.
Не е крај на светот кога ќе ти изгорат 62 луѓе заради корумпирани институции.
Не е крај на светот државата да биде најзагадена во Европа и пошироко.
Не е крај на светот што нашите работници имаа најниска минимална плата во Европа.
Не е крај на светот.
Ама треба да биде крај на владеењето на политичките партии кои не водат до работ на амбисот“, напиша таа.
Слично
