Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАОР ВО ШТИП: И девојката на вчера починатото момче си го одзела животот

ТРАОР ВО ШТИП: И девојката на вчера починатото момче си го одзела животот

Двојна трагедија во Штип - момче и девојка си го одзеле животот на идентичен начин. Жителите на градот се во шок, тага и неверување за трагичниот настан, многу прашања без одговори. 

Штипската телевизија Стар јавува дека синоќа со бесење животот си го одзела 22 годишна девојка од градот. Претходно беше јавено дека завчера кај археолошкиот локалитет Баргала се обесило 25-годишно момче. Неговото тело го пронашле локални жители. Полицијата извршила увид, а телото било предадено на обдукција.

Изворите на ТВ Стар велат дека причина за двете трагедии е недозволена љубов.

На местото на синоќешната несреќа увид извршиле полицијата и јавен обвинител.

Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.


Слично

Поврзани вести