Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАНСАКЦИЈА ОД НАД 100 ИЛЈАДИ ЕВРА - „Макпетрол“ објави дека првиот човек се стекнал со 135 акции

ТРАНСАКЦИЈА ОД НАД 100 ИЛЈАДИ ЕВРА - „Макпетрол“ објави дека првиот човек се стекнал со 135 акции

Компанијата „Мкпетрол“ објави дека нејзиниот прв човек и претседтел на Управниот одбор, Андреа Јосифовски, се стекнал со 135 акции од ова акционерско друштво. 

„Согласно член 34, став 1, алинеја 7 од Правилата за котација на Македонската Берза за хартии од вредност АД Скопје, известуваме дека Претседателот на Управниот одбор г-дин Андреја Јосифовски, се стекна со 135 обични акции од издавачот Макпетрол АД Скопје“, се вели во објавата на Берзата испратена од компанијата која е најголем нафтен дистрибутер во земјава.

Претходно, пак, од берзанските извештаи може да се види дека на 30 август била реализирана блок трансакција со акциите на „Макпетрол“, на која биле продадени 100 акции на компанијата „Макпетрол“ и тоа по цена од 66.265 денари за акција или целата трансакција тежела 6,63 милиони денари, односно 108 илјади евра.

Претпоставка е дека овие акции се дел од 135 за кои објавува компанијата, додека за 35 акции најверојатно се стекнати преку редовно тргување.

Слично

Поврзани вести